За одредени видови храна сигурно барем еднаш сте кажале: „Е ова е зараза“. Таа храна всушност создава зависност. Многу е веројатно дека ќе станете зависни од храна која содржи голема количина шеќери, масти и сол. Во продолжение дознајте кои видови храна создаваат зависност.

ЧИПС
Без разлика дали е пржен, печен или со многу зеленчук, чипсот е преполн со масти и сол. На оваа листа многу често се наоѓа и шеќер. Потребата за грицкање задоволете ја со некоја свежа салата, зачинета со морска сол.
КОЛАЧИЊА
Докажано е дека и само гледањето колачиња е доволно за телото да почне да лачи допамин. А кога јадеме колачиња, допаминот го стимулира мозокот и нè тера да сакаме повеќе.
ЧОКОЛАДО
Зависноста која ја создава чоколадото е слична на онаа која ја создаваат лековите. Нè обзема физички и емоционално и во голема мера влијае врз нашето однесување. Затоа наместо два реда, каснете две коцки чоколадо, а тоа нека биде темно чоколадо.
ПОМФРИТ
Во него се наоѓаат трите најголеми причинители на зависност од храна, шеќер, масти и сол.
БОНБОНИ
Децата ги обожаваат, но јадењето многу бонбони во детството може да создаде зависност кон храна за цел живот. Храната полна со шеќери може да создаде зависност уште кога бебето се наоѓа во утробата на својата мајка, па затоа бремените жени мораат да внимаваат на храната која ја консумираат во текот на бременоста.
СЛАДОЛЕД
Неизбежниот начин за разладување во текот на летото исто така создава зависност. Затоа, наместо со него, подобро би било да се разладувате со лубеница.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!