Top

Како сами да си направите лек против настинка?

Основните симптоми на настинка, како што се кивање, течење на носот и кашлање можете да ги запрете по природен пат. Во продолжение прочитајте како да направите здрави пијалоци кои се големи сојузници во борбата против настинки.

СИРУП ОД ШИПКА
Исчистете околу половина килограм шипка, и прелијте со 300ml чист сок од јаболка. Оставете го тоа да отстои во текот  на ноќта. Потоа смесата ставете ја во сад и ставете да ја зоврие. Сокот процедете го и засладете го со мед и чувајте го во фрижидер. Пијте една лажица дневно.

ТОПОЛ СОК ОД ЛИМОН
Сокот од лимон е едноставен рецепт кој изобилува со витамин Ц. Тој во голема мера го зајакнува имунитетот. Исцедете два лимона и додадете иста количина топла вода. И овој сок можете да го засладите со мед. Сокот се пие додека е топол

СОК ОД ЃУМБИР
Излупете ѓумбир, исецкајте го на парчиња и ставете да го да зоврие со 500ml вода. Потоа процедете го и додадете малку цимет и рендана кора од лимон.

ЗДРАВА МЕШАВИНА
Цветови од мајчина душица и камилица исецкајте ги ситно и прелијте ги со 5 лажици мед. Оставете ги да отстојат неколку часа. Од овој сируп можете да земате три пати на ден по една супена лажица.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *