Тајната на младешкиот изглед не се крие само во состојките на скапите креми за нега, туку и во природни препарати од зеленчук. Истите тие препарати, освен што може да се нанесуваат на кожа, може и да се пијат. Рецептот за кој ќе прочитате малку подолу е чудотворен сок кој го чува здравјето, ја подмалува кожата и помага во регулација на телесната тежина.

За овој магичен пијалок кој ќе ја направи кожата еластична, потребни се само три состојки: краставица, целер и зелен чај. Веќе е познато смирувачкото и благотворното дејство на краставицата, и изобилството на витамин Ц кој таа го поседува. Но, уште поважно е нејзиното дејство врз сврзувачките ткива кои ги поврзуваат коските и мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а големиот процент на вода ја хидратизира и ѝ дава сјај. Целокупниот Б комплекс кој го содржи целерот влијае врз трансформацијата на јаглехидратите, а неговата главна состојка кумарин ги спречува штетните ефекти на слободните радикали и ја прави кожата блескава. Зелениот чај, благодарение на високото ниво антиоксиданси, витамин Е и Ц го забавува процесот на стареење на кожата.
Потребни состојки:
2 излупени краставици
4 стебленца целер
2 чаши зелен чај
Начин на подготовка:
Во блендер ставете ги овие состојки и добро имешајте ги. Доколку смесата е премногу густа, додадете малку вода. Пијалокот консумирајте го веднаш по подготвувањето.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
sovrseno