Top
Limon-Luk-Med-iLike-mk

Природен лек составен од Д-р Жан Митрев кој го зајакнува имунитетот и ги убива клетките на ракот

Овој рецепт составен од Доктор Жан Митрев е превенција за целиот организам и го подобрува имунолошкиот систем. Тој ги прочистува крвните садови, ја подобрува работата на срцето и мозокот, го чисти црниот дроб од наталожените масти и токсини, а се бори и против канцерогените клетки.

Потребни состојки:
– 15 лимони
– 12 глави лук
– 1 килограм мед
– 400 грама пченични никулци
– 400 грама ореви

Подготовка:
Набавете 400 грама необработена пченица и ставете ја во чиста стаклена тегла. Наполнете ја со вода, покријте ја со чиста газа и оставете да отстои 12 часа. Потоа, процедете низ газата и добро измијте ги зрната. Оставете ги да стојат уште најмалку 24 часа додека не се појават никулци со големина од 1-2 милиметри.
Со помош на блендер сомелете ги лукот, оревите и добиените пченични никулци. Настрана, изблендирајте 5 лимони заедно со кората и вклучете ги кон смесата. А, од останатите 10 лимони додадете го само сокот. На крајот, вклучете го медот.
Вака проготвената смеса распоредете ја во чисти стаклени тегли кои ќе ги чувате во фрижидер, но почекајте 3 дена пред првата консумација.

Консумација:
1-2 супени лажици 30 минути пред секој оброк. Во случај на малигни заболувања, земајте по 1 супена лажица на секои 2 часа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>