Top
med

Eфтини зачини кои топат килограми

Ако имате проблем со телесната тежина, а одлучни сте да се придржувате кон здрав режим на исхрана и вежбање, тогаш мора да ги користите овие ефтини и ефикасни зачини и додатоци во храната и пијалоците.

Кафето засладете го со мед
Омилениот пијалак засладете го со природен засладувач наместо со шеќер или други вештачки засладувачи. Не треба да ве заплашува релативно високата калориска вредност на медот, бидејќи лесно се вари, дава енергија и како антиоксиданс ги поттикнува метаболичките промени кои ја намалуваат желбата за благо. Медот може да помогне и во зголемување на нивото на железо и намалување на нивото на маснотии во крвта, како и чистење на организмот.

Зачинете ги супите, салатите и макалата со црн пипер
Црниот пипер има бројни позитивни ефекти врз здравјето на организмот. Меѓу другото, тој е силен антиоксиданс богат со природни феноли кои го чистат организмот од слободни радикали.

Набавете природна сол
Типичната кујнска сол е хемиски преработена, а после процесот на чистење во неа останува натриум хлорид – неприродна хемиска состојка. За секој грам натриум хлорид кој телото не може да го апсорбира, организмот користи 23 пати повеќе вода за да го неутрализира. Добра природна сол е Хималајската сол, која содржи 84 елементи кои ги пронаоѓаме во природата, а кои се важни за нашето здравје.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>