Top
pivo

Пивото е корисно за здравјето

За многумина пивото е најубавото уживање во жешките летни денови, а сега имаат и изговор да го прават почесто.

Секако не треба да претерувате, но пивото ме да ве заштити од Алцхајмерова болест и го намалува ризикот од срцеви болести. Истражување објавено во списанието Journal of the Science of Food and Agriculture, покажува дека темното пиво содржи повеќе железо од светлото пиво. Според истото истражување, умереното консумирање на пиво ги намалува шансите за заболување од срцеви болести за 42%. Според списанието Men’s Health, чаша пиво на дена го намалува ризикот од појава на камен во бубрег за 40%.

Научниците откриле дека сицилиумот кој го има во пивото го намалува внесот на алумииум во дигестивниот тракт и го успорува насобирањето на метали во организмот и мозокот, што е одличен борец против Алцхајмеровата болест. Што се однесува до „пивскиот стомак“, научниците велат дека нема докази дека пивото дебелее.

Консумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката кој помага во варење на масната храна. Содржи многу влакна, па две чаши пиво обезбедуваат 10-30% внес на препорачаната дневна доза, што овозможува подолго чувство на ситост.

И покрај сите овие придобивки, консумирајте одговорно!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>