‘Рчењето е непријатна појава која може да го наруши спиењето и да предизвика болки во грлото. Доколку и вие го имате овој проблем и сакате на природен начин да се решите од него, тогаш пробајте ги овие домашни производи.
Нане
Ова растение ги отвора каналите во носот и грлото и на тој начин го олеснува дишењето, што е многу важно ако сакате да го ублажите грчењето. Во една чаша млака вода, додадете три капки етерично масло од нане. Со оваа мешамина пред спиење направете гаргара.
Маслиново масло
Маслиновото масло го опушта ткивото и го намалува отокот на слузницата. Исто така, ова масло го намалува триењето предизвикано од вибрациите на ткивото кое го предизвикува ‘рчењето. Измешајте половина лажичка мед и иста количина на маслиново масло. Од оваа мешамина консумирајте секоја вечер, пред спиење.
Кардамон
Семето на ова растение од памтивек се користи во индиската кујна, а освен што им дава пријатен мирис на јадењата, има голем број на позитивни здравствени придобивки. Кардамонот го олеснува дишењето. Во чаша топла вода ставете половина лажица кардамон во прав и промешајте. Напијте се од оваа мешавина половина час пред спиење.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!