Top
nega-na-kozha-so-kafe

Утринска навика за подмладување

Многумина денот не можат да го започнат без шолја кафе, која го прави утрото совршено и ви помага целосно да се разбудите и да добиете дополнителна доза енергија. Постојат различни начини на кои можете да го искористите, а меѓу нив е и ефикасното лечење и освежување на проблематичната кожа. За тоа се заслужни антиоксидансите, кои кафето ги има во изобилство.

Кафето е природен пилинг кој ефикасно ќе ја исчисти вашата кожа и длабоко ќе навлезе во вашите пори. Нема потреба да трошите пари на скапи производи за нега на лицето, затоа што со оваа маска ќе постигнете еднакво ефикасни резултати. За нејзина подготовка потребни ви се две состојки: кафе и млеко со помал процент на маснотии.

Начин на подготовка:
Измешајте ги овие две состојки додека целосно не се соединат. Добиената паста нанесете ја на лицето. Како и кај другите маски, избегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја да делува околу 20 минути, па на крај измијте ја со топла вода. Вака ќе бидете подготвени да го започнете вашиот ден дополнително освежени и подмладени.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>