Подочниците прават да изгледаме постаро и поуморно отколку што всушност сме, но сепак за среќа постои решение за овој проблем. Со помош на овие лесни начини можете брзо да се решите од подочниците.
Помалку кафе, повеќе вода
Една чаша топла вода наутро има многу позитивни ефекти врз подочниците. Во првиот дневен оброк треба да ги имате следниве состојки: омега-3 масни киселини и ореви.
Нагласете ги трепките
Најдоброто одвраќање на погледот од подочниците се убавите трепки, бидејќи тие ќе го задржат вашето внимание.
Избегнувајте темни сенки
Темни, сини или зелени нијанси на сенки, во комбинација со темните подочници, на очите им даваат подуен изглед. Наместо нив, користете топли и златни тонови на сенки.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!