Навистина нанесувањето туш не е лесна и едноставна постапка, но со вистински совети и малку пракса лесно ќе може да го нанесете тушот.
- Во почетокот најдобро е да вежбате со црно моливче или тенка четка што ќе ја натопите во туш
- Почнете од средината на окото кон надворешниот раб. На овој начин ќе избегнете премногу дебела линија на почетокот на очните капаци
- За очите да не изгледаат тажно, се препорачува линијата да не ја следи строго линијата на очните капаци. Туку линија повлечете кон надворешниот дел на веѓите
- За линијата да биде јасна и прецизна, четката секогаш држете ја хоризонтално
- Кога ќе завршите со главната линија, внимателно пополнете ги празните места
- Грешките не се обидувајте да ги поправите со памучно стапче или влажно марамче бидејќи ќе се размечкате
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!