Top
Makeup artist applying liquid tonal foundation  on the face

Мејкап трендови за есен 2021

Време е да се подготвите за новиот есенски изглед! Make-up артистите веќе ги открија најновите трендови за претстојната сезона. Па така, за овој период визажистите предлагаат темно сини, зелени и виолетови тонови на очите и мат кармини на усните.

Овие нијанси ќе го освежат Вашиот севкупен изглед и ќе направат да изгледате поатрактивно.

ПОДЛОГА
Како подлога користете течна пудра во боја на Вашиот тен. Природниот изглед на кожата Ви дава можност максимално да си поиграте со актуелните тонови – да комбинирате и потемни и посветли, оние кои блескаат и имаат мат нијанси.

ОЧИ
Што се однесува до стилот на шминкање, полн погодок со овие тонови може да биде smokey-eyes. Потемната нијанса секогаш нанесете ја близу трепките, а светлите над истата. За уште подобар ефект можете да комбинирате и мат и блескави сенки. На крајот ставете маскара во два слоја, освен црна можете да нанесете и сина, виолетова или зелена.

УСНИ
Визажистите овојпат својот акцент го ставаат на интензивните мат кармини – во црвена, портокалова, виолетова и месо боја.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *