Top
kvasec-za-ubavina

Намирница за совршена нега на лице

Уште од антички времиња, оваа намирница се користи за подготовка на бројни делотворни козметички препарати. Пекарскиот, а особено пивскиот квасец е богат со витамини од Б-група, како што се Б1, Б2, Б6 и Б12, како и минерали меѓу кои калиум, калциум, хром, железо бакар, манган, цинк и фосфор и вредни аминокиселини. Иако одговара на сите типови, посебно е добар за мрсна и за сува, безживотна кожа. Еве неколку идеи како можете да го искористите квасецот за нега на кожата.

Анти-ејџ маска за лице
Измешајте 2 супени лажици свеж квасец и 1 супена лажица вода. Нанесете ја на врат и лице и оставете ја да делува. Кога ќе се исуши, измијте ја кожата со топла, па со ладна вода. Ако имате 20-тина години, маската користете на еднаш месечно, на 30-тина години се користи 2 пати месечно, на 40-тина година еднаш неделно, а на 50-тина 2 пати неделно.

Лифтинг маска за лице
Измешајте 2 коцки свеж квасец, 125ml топло млеко и 1 кафена лажичка шеќер. Нанесете ја маската на лице, врат и деколте, оставете ја да се исуши и измијте со млака вода.

Пилинг од квасец
Измешајте половина коцка свеж квасец и малку млеко и додадете 1 супена лажица дробено ленено семе. Нансете на лице, а откако потополно ќе се исуши, отстранувајте со млака вода, со нежни кружни движења.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>