Top
maskara

Најчести грешки при користење на маскара

Секоја жена сака по нанесување на маскара трепките да изгледаат долги и густи. Но, при нанесувањето маскара треба да избегнувате неколку моменти, а сè со цел да постигнете максимален ефект со овој козметички производ.

Внимавајте на рокот на траење
Маскарата обично има рок на траење 3 месеци по отворањето, по што се згуснува и стврднува. Со маркер запишете си на маскарата кога сте ја отвориле како би ги спречиле оние ситни парчиња маскара кои паѓаат под очите. Доколку маскарата почнува да се рони од трепките веднаш штом ја нанесете, значи време е за нова.

Избегнувајте грутки
Ниту малку убаво не изгледаат трепките со грутки, а за тоа е најчесто виновна четкичката. Изберете маскара со густа четка која ќе ви помогне маскарата да ја нанесете буквално на секоја трепка и рамномерно ќе ја распореди. Четкичката нежно движете ја од коренот до врвот на трепките.

Избегнете го пребрзото сушење
Многу жени имаат навика неколку пати да ја стават и извадат четкичката во маскарата пред да ја нанесат маскарата. На тој начин се намалува рокот на траење на истата, бидејќи воздухот кој влегува во неа ја суши.

Внимателно со трепките
Пред спиење задолжително морате темелно да ја отстраните маскарата. Сето тоа правете го нежно, со кружни движења. Остатоците од маскарата може да ги исушат трепките и да создадат идеално место за собирање штетни бактерии.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>