Top
Proud of her beautiful skin

Едноставни правила за нега и убавина

Придржувајќи се кон овие едноставни правила ќе забележите голема разликаво вашиот изглед.

Негата на лицето вклучува многу повеќе отколку што мислите
Кога нанесувате крема за лице, не смеете да го заборавите пределот на вратот и деколтето. Без соодветна нега, овие делови од телото може предвремено да покажат знаци на стареење, кожата на нив ќе стане опуштена и безживотна.

Најважниот препарат за коса
Најчесто го заборавате, но спрејот за заштита на косата од топлина е исклучително важен за здравјето и изгледот на вашата кожа. Со оглед на тоа дека ефектот од неговото користење не го забележувате веднаш, сигурно сметате дека воопшто не е важен. Верувајте дека грешите.

Сонот е клучен за убавина
Сигурно ви е познато дека не треба да одите на спиење со шминка на лицето, но ова подразбира и адекватна нега на лицето. Всушност, ноќната крема и кремата за подрачјето околу очите се задолжителни и без нив не би требало да одите на спиење.

Веѓите се „рамка“ на вашето лице
Пополнетите и нагласени веѓи не само што ќе го насочат вниманието кон вашите очи, туку и докажано прават да изгледате помладо.

Заштита од сонцето – најдобар производ против стареење
Последиците и ефектите од сончевото зрачење на вашата кожа започнуваат да се манифестираат околу вашата 30-та година. Нивната прерана појава можете да ја спречите со секојдневно користење препарати наменети за заштита од сонцето.

Не паничете поради седите влакна
Денес постојат голем број трајни и помалку трајни фарби за коса, кои совршено ги покриваат првите знаци на стареење на вашата коса.

Мешајте ги мејкап производите
Иако ни се достапни многубројни производи за шминкање, можно е онаа една совршена нијанса, најдобра само за вас, едноставно да не постои. Сепак, ако помешате две пудри, најверојатно е дека ќе добиете задоволувачки резултат.

Совладајте го нанесувањето на моливчето за очи
Наместо да се трудите да нацртате прецизни линии, веднаш над горната линија на трепките нацртајте точки кои потоа ќе ги поврзете и на тој начин ќе добиете совршена линија.

Трик за одредување на патецот
Исто како веѓите, и патецот може да има големо влијание на тоа како изгледате. За како да одредите каде треба да го позиционирате патецот, покријте ја едната половина на лицето со А4 лист и добро погледнете се во огледалото. Направете го тоа и со другата половина и потоа одлучете што најмногу би сакале да нагласите.

Секој може да носи црвен кармин
Како што ќе поминуваат годините, сè повеќе ќе увидувате дека црвениот кармин е задолжителен во секоја козметичка торба. Тој е најбрз начин да изгледате гламурозно во секоја прилика.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>