Секогаш треба да најдете време за нега на лицето. Еве некои рецепти за убава кожа кои ќе го подобрат изгледот за многу брзо време.
• Исечете јаболки на тенки парчиња, ставете ги на лицето и оставете ги 15 минути. Јаболкото неизбежно ќе ги апсорбира вишокот маснотии од вашето лице и ќе ги затвори порите. После тоа, не мијте го лицето директно со вода, туку користете парче памучна ткаенина натопена во вода, а потоа исушете го лицето со меки бришења.
• Направете мешавина од шеќер и јогурт со ист сооднос, нанесете ја на лицето и масирајте ја со кружни движења. По пет минути измијте го со топла вода.
• Направете паста од две супени лажици кисела павлака, една и пол лажица пченично брашно и неколку капки сок од лимон. Ставајте од оваа паста на вашето лице редовно пред спиење и веднаш по будењето. Држете ја неколку минути, па измијте го лицето со млака вода.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!