Заборавете на скапите хемиски препарати и направете го овој ефтин крем кој ќе биде спас за вашата кожа. Едноставен е за подготовка, лесен за употреба, ефикасен и ефтин. Со редовно третирање на вашата кожа ќе почуствувате како ви се затегнува и ви блеска секој ден се повеќе.
Потребни состојки: 1 лажичка лимонов сок, 1 лажица мед, 1 лажица цимет во прав и 1 лажица мелено морско оревче.
Подготовка и употреба: Измешајте ги сите состојки во сад додека не добиете хомогена смеса, а потоа од кога ќе добиете крем, се мачка на лицето и се држи да одстои десетина минути. Избегнувајте го пределот околу очите и усните. Ако почувствувате пецкање не плашете се, тоа е знак дека кремот делува и тоа чувство наскоро ќе исчезне. Состојките на оваа крема ќе го намалат црвенилото и ќе делуваат смирувачки на вашата кожа.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!