Top

Вечност во тишина и осаменост

Го сфати тоа отпосле.
Откако ги отвори очите тоа утро
не прозборе ниту збор.
Занеме.
Усните и` беа запечатени,
како 100те врати од нејзиниот сон,
кои се затворија пред нејзиното лице.
Таа само стоеше вкочането,
бран од очај и` ја растрепери снагата.
Морници и` поминаа по целото тело.
Се разбуди облиена во пот,
со тахикардија
и крвави очи.
Немаше сила да викне ниту: „Помогни ми…“
По неприметните кимнувања со главата
сфати…
Тишината не ја вознемируваше,
Туку трулоста на нејзината душа,
од која што чувствуваше како дел по дел
полека се распаѓа,
со секој издишан здив.
Престана да ги брои изустените зборови,
но не и` пречеше.
По целото тело и` струеше стравот
да ги брои издишувањата…

Автор: ДЕА




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *