Top

Одземена душа

Некогаш,,
една насмевка, една прегратка
Сега,,
лажна насмевка, празна прегратка,
раце широко отворени,,
но никого да обвијат.

Некогаш,,
зборови,,
нишка исплетена со искреност и чистина
Нишка – неуништлива…некогаш
Сега,,
зборови,
само прашина во воздухот
Го матат видот,,
очите не можат да ја видат вистината
Прашината гребе…
Црвенило и насолзени очи,
Подадено шамивче, ги залажува солзите
Шамивче – поткинато на врвовите,
со вез на лажна љубов,
времето ја маскирало во навика,
смрттна потреба, влева страв…
… дали би ризикувал…?

Остави го – ќе фати прашина,
Ќе избледи, времето ќе го уништи
А времето, не се враќа…

Некогаш,,
чувствуваш за да живееш
Сега,,
живееш за да почувствуваш

Некогаш,,
душа исполнета
Ризница на љубов, среќа, чистота, искреност
Сега,,
душа одземена,
како балон од мало дете – одвеан од ветрот

Натажено лице
Разочаран поглед,
Испружени раце кон далечините, кон хоризонтот
Дланките молат за уште еден допир,

Надежта е живот
Во овој миг,
надежта е сон за недостижното
Да,, на сон ќе се врати…

Затвори ги очите,
вдиши го мирисот,
замисли желба,
надевај се
Сонувај,
сонот не може да те повреди

Не се буди,
Исклучи се од реалноста,
препушти се…

Вчера е минато,
утре е мистерија,
денес е надеж…

Автор: ДЕА




3 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *