Top

ГРЕВ

Боли! Само солзи и очи што печат ми останаа. Се гадам од се мое! Поднесувањето на самиот себе станува се потешко и поболно. Лесно е да се каже „ќе преболам, ќе заборавам“.кога други луѓе се околу мене е исто така лесно. Но кога сум осамен толку многу  боли. Тогаш ќе се сетам на претходните зборови и ќе си кажам, глупак како можеше да кажеш нешто такво, кога никогаш нема да можеш да го оствариш. Многу болни моменти поминав и мислев дека ми е најтешко, но сега гледам дека најтешкото допрва доаѓа. Кога ги гледам луѓето околу мене како се сакаат и се едни со други, свакам колку сум сам, што дури се немам ни самиот себе. Колку сум празен и бездушен. Најмногу ми е жал што неможев да ти кажам зошто се случи тоа наше разделување.

Секоја ебана секунда во глава ми се врти нашата последна вечер, и секој збор твој кажан како мало ноже се забодува во секоја моја клетка и ја убива. Чувствувам како низ секоја пора потекува капка крв, а со тоа и дел од мојата душа. Го губам и материјалниот и душевниот дел од моето битие. Моето постоење веќе никому не му е важно. Никој, ама баш  никој не ме почувствувал како што ти ме почувствува, а и јас не сум почувствувал никој како што те почувствував тебе.

Удираат, како тапи челични чекани, твоите зборови и прашања во секавањето за кобната ноќ за нас. Никогаш нема да го заборавам прашањето „Зошто се изгубивме?“ и твоето прекорно барање да те сакам или бар да бидам со тебе макар и не те сакал. Дека ти ќе ме сакаш и се ќе биде во ред. Боли мојата суровост што морав да ти ја одглумам знаејќи дека ќе ме боли засекогаш.

Но, гревот е веќе направен. Таа страшна умисла свртена против нас, небаре некој со магија не натера да делуваме што е можно побрзо. Небаре некој не натера да го најбрзо да го направиме овој совршен грев. Ќе платиме, тоа го знам. Јас мислам дека веќе плаќам, но незнам дали ќе издржам до крај за да го исплатам гревот. Но, затоа верувај дека ти ќе бидеш наградена, затоа што јас се ти земав и на крај те оставив надвор на студот како сираче да плачес и молиш, да прашуваш зошто? Тоа е голем грев, толку голем што неможам да си поверувам дека сум го направил јас. Толку многу сакам да ги исполнам твоите барања, да дојдам да те земам во прегратка, да те смирам тебе и самиот себе. Но, веќе е доцна, болката е пресилна за да се почнува војна со неа. Единствено нешто што заслужив, а го добив од тебе е оној шамар што го осетив таа ноќ. Ништо друго што земав или што имам од тебе не го заслужив.

Велат „секое лошо за арно“. Јас навистина незнам што арно  може да се роди од овој грев, но ќе оставам на времето, тоа знае како да се справи со ова. Јас не!

Се надевам дека некогаш ќе ми простиш, и знам дека нема! Ни јас не би го простил ова никому. Затоа ќе продолжам да се убивам себе си. Можеби еден ден и ќе успеам во тоа. Така ќе биде најдобро. Барем тогаш ќе имаш причина, зошто не си со мене.

НЕКА МИ ПРОСТИ БОГ!

Автор: Мики Џога Костов




2 Коментари

  • Јордан Ѓурчески вели:

    ..претпоставувам дека ова е вистинска приказна..дека ова се вистински чуства…затоа и така ќе коментирам..
    ..секој греши..колку и да се правиме безгрешни…но ретки се таквите како авторот на текстов што го сфатиле тоа, уште поретки тие што го признале, а најретки се тие што се покајале за направеното…
    …сега му се обраќам на авторот на текстот…другар…твоето покајание е твојата казна…и доволно е..да знаеш…голем човек си штом си го напишал ова…ме потресе искрено твојата чуствителност…ретко се случува тоа, а останатите..кои ги скриваат своите гревови..треба да учат од ваквите примери..искрен поздрав..

  • Ana Skopje вели:

    Храбро од тебе што си успеал да ги споделиш твоите чувства со светот.
    Note to self: зборови како “неможам”, “незнам”… се пишуваат одовено. Чисто информативно…
    Поздрав,

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *