Top

Ти си јас, а јас сум ти

Кога и да те погледнам моето тело копнее, моите усни треперат за твоите, и како што мојава страст кон тебе се зголемува моето срце и нема потреба да почуствува нешто повеќе од нежност. Моите очи се предаваат на твојата насмевка која е мелем за мојата душа. Ти едноставно си цвет што никогаш нема да престане да цвета. Очите ти се две бистри езера кои никогаш нема да пресушат. Ликот и насмевката ти сјаат како да си го голтнала Сонцето и сјаеш само за мене. Сакам кога во прегратка сме стиснати еден до друг – како едно, со мислите исти, чувствата, мирисот на душата и телото.
Љубов моја, девојко убава, љуби ме мила, секогаш и сега, ти си јас, а јас сум ти, и никогаш, никој и ништо нема да не раздели!


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Ти си јас, а јас сум ти“: Велибор Бубулевски

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *