Top

Можеби баш тоа ќе ми недостасува

Секој можен пат кога ќе го слушнев изговорот на моето име, извикувањето од устата на мојата баба, или како што јас љубам да ја викам – “супербабичка”, целата се ежев. Ми сметаше, досаѓаше, не можев ни да помислам на тоа што има да ми каже сега, понекогаш дури и нејзиното присуство ми беше само еден товар. Товар за мене, а и за сите останати во мојот дом. Знае да биде многу напорна.

Сè до денеска. Или прилично до пред едно пола саат, кога не се случи ништо особено. Само моето сфаќање дека некој ден нејзиното одење по собиве, нејзиното константно зборување, нејзиното непрекинато прашување и радозналост, нејзиното смеење предизвикано од една обична серија кое доаѓа од дневната соба токму во моментов, е баш тоа што ќе ми недостасува. Еден ден веќе сè тоа ќе го нема, а ќе биде баш тоа што ми фали. Можеби тој ден се ближи, се надевам не! Но до тогаш, ќе ја ценам секоја нејзина искрена насмевка…


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Можеби баш тоа ќе ми недостасува“: Наташа Петровиќ

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *