Во “бесчуствителноста” на срцето се криеа неколку зборови, две бројки и ништо друго. Во целата “неискреност” на срцето се криеа и неколку “невистини”, едната од нив беше дека тоа љуби, а другата дека престанува да чувствува.
Во наредната “злоба” на умот се криеа неколку одмазди наменети за срцето, една поради неговата непромисленост, друга поради неговата инаетливост и трета поради неговата себичност.
Во “одвратноста” и на срцето и на умот се криеше неизлечива болест, “лагата”.
Во целата вистина на сите овие наводници, им предчекори спротивноста. Оди пред сè, заедно со неа, никако пред календарот на срцето и умот.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Календарoт на срцето и умот“: Симона Николоска
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!