Ах, да… И тоа дете отиде со него. Замина со светлината на неговиот живот, единствената надеж за среќа. Да, тој беше господарот во нејзиниот живот и управуваше со него. Кога велам управуваше, мислам на тоа дека со секоја негова постапка се контролираа нејзините чувства. Откако тој замина, таа почна да го гледа светот празен. Па нормално, кога тој беше целиот свет за неа. Веќе нема никого во животот. И минуваа разни слики низ главата. Се прашуваше што сè може да се случи на тоа патување. Ех, да можеше да ја искорне болката од градите што ѝ го нарушуваше животот. Сакаше нешто друго да направи, но не можеше. Рацете како да ѝ беа отсечени, нозете вкочанети, а во главата се вртеа најразлични мисли. Но, сите поврзани само за една особа… Едно сонце што повеќе не грее, еден цвет што почна да овенува, славејче што престана да пее. Каде и да погледнеше, го гледаше него. Секое место ја потсетуваше на него. А, пак времето… тоа застана и не сака да се помрдне од местото. Кога ми треба што побрзо да помине, тоа се запира. Зарем мора сè да е обртно? Ајде, те молам помери се. Помери се и што побрзо донеси ми го него во прегратките. Но, таа толку многу љубеше што не гледаше ништо друго пред неа. Но, за разлика од неа, тој многу се радуваше на своето патување. Не можеше да разбере зошто не прави ништо друго, освен да мисли на него. Па, како и би разбрал кога го нема почувствувано тоа. За да те разбере некој треба да помине низ истото што и ти поминуваш. Се плашеше дека испраќањето е нивната последна средба. Тоа беше нејзиниот најголем страв што ќе живее секоја минута во неа, сè додека не се врати.
Се прашуваше што носи судбината со неа. Сликите пред нејзините очи беа толку страшни што веднаш пушташе солза, само за да се заматат сликите. Не сакаше да верува дека нешто страшно ќе се случи, а постојано мислеше на тоа. Понекогаш и самата си се тешеше, но тоа многу кратко траеше бидејќи страшните мисли преовладуваа. А, тој само што замина. Па што ќе прави понатаму? Дали некогаш ќе се појави насмевката на нејзиното лице, дали очите ќе го повратат својот сјај? Да, но кога тој ќе пристигне. Дотогаш сè ова ќе се случува секој ден. Се прашувам понекогаш зошто е животот толку тежок. Одговор нема да добијам, но се надевам дека ќе го добијам него во прегратки, што поскоро.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Чекајќи го изворот на среќата“: Драгана Цекова
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!