Top

Како гледаме на својата телесна тежина?

Мажите и жените имаат сосема погрешна перепција за својата, но и за телесната тежина на својот партнер. Ова го покажува една данска студија. Научниците кои анкетирале повеќе од 1000 луѓе велат дека погрешната претстава, која се применува и за деца, може да предизвика сериозни проблеми, посебно за децата.



Задачата на испитаниците била едноставна. Тие требало да ја проценат својата телесна тежина и тежината на својот партнер. Излегува дека мажите обично ја намалуваат својата тежина во проценката, а ја преувеличуваат тежината на својата поубава половина. Мажите имаат тенденција да се гледаат себеси потенки, дури и кога имаат очигледен вишок на килограми. Спротивно на тоа, жените се многу самокритични и во најголем број случаи се сметаат за подебели отколку што се во реалноста. За истражувачите, главни виновници за оваа погрешна претстава на жените се медиумите кои нè бомбардираат со „идеални“ женски тела. Но, тоа што посебно не им се допаѓа на истражувачите е тоа што истото однесување е забележано кај родителите, во однос на нивните деца. Родителите ги гледаат своите ќерки подебели, а синовите послаби отколку што навистина се. Построги се во оценувањето на своите ќерки за разлика од синовите.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *