Top

Сензуална…

Сензуално влегуваше во просторијата. Високи подпетици Giuseppe Zanotti црвена боја, мистериозен црн фустан, црвени усни, кафени очи. Совршена бринета. Зачекори низ вратата не вртејќи ја главата со прецизен поглед кон шанкот. Сите погледи беа вперени кон неа, настапи нејзиниот филм, започна нејзината театрална претстава.
Седна на шанкот, нарача црно вино. Совршено добро ја крена чашата и ги накваси црвените усни. Остар крик одекна од запците на нејзината чанта, од неа ги извади Capri цигарите и со ефтина запалка запали една цигара. Оставајќи трага од црвениот кармин на дното на цигарата, го испушти првиот дим. Се чуствуваше немир околу таа појава. Гледаше преку своето разголено рамo гризејќи ги црвените усни. Погледот беше потенциран. На спротивниот агол стоеше тој. Карирана кошула и Levis фармерки, ракавите му беа подвртени, а на голите подлактици се забележуваше Diesel црн часовник. Потпрен на коњопојот го пиеше своето виски. Ја забележа девојката на шанкот уште од самото нејзино влегување, го следеше секој нејзин чекор. Желно ја посматраше не мрдајќи го погледот од нејзиниот тил. Изгледаше смирено, коските на лицето му беа совршено наредени, беше едноставен но двосмислено. Се доближи до шанкот, ги остави стутканите 200 денари и замина.
Го фрли третиот пикавец, ги намести кафените прамени кои беа избегале од своето место, стана од шанкерската столица и го напушти просторот. Ветерот дуваше во нејзиниот грб, низ целото тело и поминуваа морници, но не се даваше, не сакаше да влезе во таксито, реши да оди пеш.
Две минути по полноќ, единствен звук што се слушаше беше нејзиното одење и начинот на кој го испушташе воздухот од градите. Изгледаше збунето, кафено-зелените очи ја издаваа како и секогаш. Му се восхитуваше на типот од пред половина час, мислеше дека е совршен. Фантазираше за него. Но не се сврзваше на ништо освен класична привлечност, таа тоа го знаеше имаше доволно искуство со спознавањето на себе си.
Остана во нејзината меморија повеќе од половина месец. Не се смени ништо, ја довлечка својата појава во кафичот, седна на шанкот, нарача црно вино. Температурата која ја создаваше нејзиното тело беше го достигнала врвот. Нозете и беа преплетени една врз друга, покриени со кратко црно здолниште на кое се надоврзуваше црн ребраст корсет кој совршено ги обликуваше нејзините гради. Полните усни и насенчаните јаболкници го доловуваа изгледот на Скарлет Јохансон, но само површно, добро реализирајќи го нејзиниот труп се добива едноставна уникатност.
Таа восхитувачка природа овој пат не беше сама, на шанкот до нејзе седеше тој. Пиеше виски секако. Не правејќе премногу движења и укажуваше што сака, бараше фидбек од нејзина страна но таа ладно гледаше пред себе, неограничен видик. Не можеше да се предаде целосно кон ладнокрвноста, не беше таква личност но делумно манипулираше , обожаваше флерт но не беше сигурна. Тој ја знаеше својата цел и не планираше да ја отфрли од себе. Ја зема нејзината рака, прецизно ја одвлече од столот и ја изнесе надвор. За помалку од dvaesetina минути се најдоа во неговиот стан. Станот беше совршен, секој дел во него ја загреваше атмосферата. Човекот знаеше што да прави, за ваква сцена беше потребна добра саундтрака. Одбра една плоча и ја потфрли во грамофонот, имаше изграден стил. Звук на квалитетен џез од 80-тите и чаши доволно наполнети со класичен џек даниелс-совршен афродизијак. Не избрзуваше, го имаше цело нејзино време и внимание. Утрото и беше потребно дупла доза на кофеин. Испи една ипол шоља кафе заедно со полна кутија цигари. Беше исполнета, никотинот кој го внесе и беше потребен само за психата. Знаеше дека го стори најдоброто кога излезе од неговиот стан оставајќи ги своите мисли на парче хартија.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Сензуална…“: Кики Велоковска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *