Top

Кога се каеш…

Знаеш како е кога не можеш да заспиеш? Кога лежиш на перница мокра од солзи? По некоја ќе се лизне и до усните, чисто да не заборавиш дека е солена. Кога сите ти велат дека знаат како се чувствуваш, а никогаш не биле повредени, оставени. Кога се бориш со себе да заборавиш, а не можеш затоа што сте поминале не денови и месеци, туку години заедно. Кога сè те потсеќа на неа, секоја песна, секој спот. Ги гледаш видеата што ти ги објавувала на фејсбук и сите тие бакнежи и срца. Болно е кога ќе направиш грешка, а потоа се каеш. Малкумина знаат какво е тоа чувство. Уште поболно е да ја гледаш како е среќна и комуницира со друг на начинот на кој некогаш вие сте комуницирале. А знаеш што е најболно? Тоа што вели дека тој го нема нејзиното срце туку ти го имаш!!!

Лежиш и ги слушаш песните кои некогаш биле „ваши“. Ги гледаш поклоните кои ти ги купила за годишнина и видеата на youtube кои сте си ги правеле еден за друг кога сте биле шворц. Лежиш и размислуваш како би било кога би ти се вратила и повторно би била твоја. Веќе на памет ги знаеш грешките кои ѝ пречеле, а ти несвесно или намерно си ги правел и се колнеш во себе дека никогаш повторно нема да ја повредиш само да биде твоја. И во право си зар не? Не можеш да плачеш за некој за кој немаш чувства. Не можеш да посакаш да ти се врати некој, а повторно да го повредиш. Си велиш дека утрото можеби ќе донесе нешто ново, некоја нова надеж. Дека можеби ќе се сети дека навистина си се променил и ќе ти даде шанса да го покажеш тоа. И не, не смееш да згрешиш повторно, во никој случај, а знам дека нема…


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Кога се каеш…“: Андреј Николовски

Станете наш facebook фан.




1 Коментари

  • Анонимен вели:

    Некогаш е џабе и да се каеш и било што да направиш. Тој што неможе да те засака, неможе и готово… Останува само да продолжиш понатаму…

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *