Во мојот живот секогаш беше многу едноставно да го изгубам она што веќе го имам, а да се борам многу напорно за она што знам дека никогаш нема да го добијам.
Но тоа отсекогаш бев јас, моите најголеми стравови отсекогаш беа поврзани со мислењата на другите, тоа беше мојата вистина и воедно мојот најголем неуспех.
Моето мислење се менуваше од минута во минута, испровоцирано од предрасуди или комплекси, тоа знаеше да се менува и кога воопшто немаше потреба. Дури и најубавите денови исполнети со прекрасни моменти, преполни со волја и верба во животот, знаеа да го добијат најнепредвидливиот пресврт и да станат денови кои никој никогаш не би сакал да ги запомни.
Но и покрај сето тоа, мојата надеж дека некогаш и јас ќе можам за зачекорам по патот на самопочитта, никогаш не згасна. Знаев дека ова е долг и тежок пат, но нели, тој беше оној единствениот. И секогаш сам бираш дали твојот пат ќе биде постелен со рози или нема да можеш да газиш по него од проклетите трња.
Пред мене патот како и секогаш во мојот живот беше срамежливо отворен. Велам срамнежливо, бидејќи тој, всушност, отсекогаш беше полузатворен. Јас самата си дозволив да биде тоа така и едноставно иднината ја гледав како една црна дамка на однапред празен лист хартија.
Она што всушност лежи на мојата душа вечерва е стравот, од буквално сè, но највеќе иднината. Знаев дека тој не може да биде совладан тукутака, знаев дека не може преку ноќ да се разбудиш полн со самодоверба. Дека не може без да бидеш повреден и срамнет со земја, да станеш пред сите со чувство на горчлив презир и да ги погледнеш во очи без да ти заигра пулсот.
Не, работите не се толку лесни и предвидливи. Само во моментите кога си свесен дека не може да одиш подоле од дното, само во тие моменти, можеш да почнеш да размислуваш како да се вратиш назад сам по темниот тунел.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Раштркани мисли…“: Наташа Петровиќ
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!