Top

Тој е јазикот на мојата сатира

Тој е јазикот на мојата сатира.
Длабок корен на молкот мој
и млеч што се лачи
од врвот на нечии клетки,
ете ми ги чини соништата
како најрегуларни кошмари.

Очигледно не ми се враќа
времето поминато во ровови на сомнеж,
и улицата чие сонце го голташе снегот
– тој пак, роднина на ветрот,
незнајно јас си го тапкам во мене.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Тој е јазикот на мојата сатира“: Марко Аврамоски

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *