Top
majka i bebe

Поучна приказна: „Ти ќе имаш ангел чувар“

Едно дете кое се подготвувало да дојде на свет, еден ден го прашало Господ:
„Господе, ми рекоа дека утре ќе ме испратиш во Светот, но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму?”

Бог му одговорил:

„Од сите ангели, еден одбрав само за тебе. Тој ќе те чека и заштитува. Секој ден ќе ти пее и ќе ти се насмевнува. Така ти ќе ја почувствуваш неговата љубов и ќе бидеш среќен.”

„Добро, како ќе го разберам кога ќе ми кажува нешто, кога не го знам неговиот јазик?” – запрашало детето.

„Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатки зборови кои можеш да ги слушнеш во светот и внимателно и со љубов ќе те научи да зборуваш.”

„Слушнав дека на Земјата има многу лоши луѓе, кој ќе ме штити од нив?” – загрижено продолжи детето.

Господ се насмевнал и му рекол:

„Твојот ангел секогаш ќе те заштитува, па било тоа и по цена на неговиот живот.”

Детето го погледна Господ и молчеливо рече:

„Но, јас сум многу тажен што не ќе можам повторно да те видам.”

„Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе ти ги кажува патеките кои те водат до мене.”

Тогаш во Рајот настанала тишина и гласовите од Земјата допреле до него. Детето сфатило дека треба да оди па го постави последното прашање:

„Господе, ако сега морам да одам, Те молам, кажи ми како се вика мојот ангел”.

Господ одговорил со голема насмевка:

„Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА”.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>