Top
starost-taga

Нешта кои треба да ги направите пред да остарете

Немањето доволно време или пари се најчестите изговори кои ги користат луѓето за да не патуваат или за да не направат нешто што сакаат. Неколку различни истражувања покажале дека луѓето во староста не можат да си простат себеси за тоа што не патувале повеќе додека биле млади, здрави, подвижни и кога имале повеќе енергија. Ако немате доволно пари за хотели и ресторани, спијте во камп, хостел и понесете храна од дома. Ако немате доволно време, одете на кратки патувања или искористете некој викенд. Кога постои волја, постои и решение. Погледнете ги овие неколку работи за кои најчесто жалат луѓето кога остаруваат.

Остануваат во врска која не им одговара
Еднаш се живее, па затоа искористете ги шансите на најдобар начин. Тоа секако подразбира љубов. Не треба постојано да влегувате од една врска во друга, но никако не смеете да останете со некој кој не ве прави среќни.

Многу се грижат за тоа што ќе речат луѓето
Постојано работете на себе, поставувајте си нови цели и рокови кои треба да ги достигнете, па воопшто не грижете се што ќе кажат другите. Повремено погледнувајте се во огледалото и прашајте се: Дали гледате среќна личност? Тоа е најважното, а не како ве гледаат другите.

Се плашат да кажат „те сакам“
Кога последен пат сте му рекле некому дека го сакате? Тоа не мора да биде личноста со која сте во врска или брак. Кажете им „те сакам“ на вашите родители, деца, најдобри пријатели или можеби соработници. Изговорете го тоа гласно и не плашете се од своите чувства.

Многу работеле
Трката за пари, кариера и функција, честопати ве оттргнува од луѓето кои ги сакате и кои ве сакаат, но и од самите себе. Кога последен пат сте се смееле од срце?

Не поминувале доволно време со своите деца
Не ставајте им го на децата во раце далечинскиот управувач од телевизорот, лаптопот или слични играчки на струја. Тие брзо ќе пораснат а вие уште побрзо ќе сфатите колку ви недостигаат оние денови кога вашите деца биле немирни, плачливи, будни цела ноќ, гладни цел ден. Уживајте во времето поминато со вашите деца, затоа што тоа е најдрагоценото нешто што го имате.

Не поминувале доволно време со своите родители
Можеби мислите дека тие ви „досадуваат“ постојано прашувајќи нешто, а нивните приказни не ви одговараат. А потоа, еден ден нив веќе ќе ги нема и вам тоа ќе ви недостига, па ќе сфатите дека некои грешки никогаш не можат да бидат исправени. Втора шанса не постои!

Не ризикувале доволно
Со животот не треба да се коцкате, но не треба ни да го потрошите на досадни работи, само затоа што се сигурни, на лоши луѓе, само затоа што ви се најблиски и слично. Секогаш барајте нешто подобро!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>