Top

Нешта кои треба да ги очекувате од секоја силна жена

Да сакате жена е многу лесно, но ако станува збор за силна и независна жена, тогаш постојат нешта кои треба да ги очекувате од неа.

Не очекувајте мед и млеко
Не би требало да се жалите поради проблемите кои ги имате, туку да седнете и да поразговарате за нив со жената која ја сакате, бидејќи тоа е единствениот начин да остане покрај вас. Доколку постои нешто што ја мачи, таа тоа ќе го каже. Таа е жена која се носи со проблемите и ги решава, а истото го очекува и од вас.

Не очекувајте вашата врска да се темели на СМС пораки
Овие жени се одликуваат со вештина на вербална комуникација, а СМС пораките не можат да ги изразат сите нијанси. Секако дека неколку пораки во текот на денот, кои го одржуваат контактот се сосема во ред, но потрудете се допишувањето да го замените со комуникација очи во очи.

Не очекувајте дека ќе ја импресионираат вашите лудости
Се што се однесува на вашиот социјален живот задржете го за себе. Секој детинест обид да ја направите љубоморна, на тој начин што ќе објавувате на социјалните мрежи свои слики во друштво на други жени може само да предизвика контраефект. Силната жена никогаш не е љубоморна, бидејќи има доволно самодоверба и знае кој е, а кој не е вреден за нејзиното време. Доколку е подготвена да ви се посвети во целост, истото го очекува и од вас.

Не очекувајте бесмислени разговори со неа
Силната, зрела, елоквентна, страствена и образована жена сака да води квалитетни разговори, Дури и кога се забавува, нејзините мисли се насочени кон битни работи. Доколку сакате да го привлечете нејзиното внимание, би требало да научите да се носите со тоа.

Не толерира неодлучност
Веројатноста да се занимава со стресна работа е мошне голема, така што таа нема време за бесмислености. Доколку сте неодлучни и немате иницијатива, знајте дека на неа тоа може да влијае само негативно. Таа очекува вие да носите одлуки, да бидете креативни и иновативни.

Не очекувајте да трпи непочитување
Современите жени се храбри, смели, полни со самодоверба и знаат што сакаат. Едно е сигурно: тие не сакаат да бидат со мажи, кои не ги почитуваат и не се однесуваат со нив како што заслужуваат.

Флегматичноста не ја импресионира
Важно е да знаете што сакате, без разлика дали тоа ја вклучува или не и неа самата. Вашето мислење зад кое стоите секогаш е позитивно во нејзините очи.

Постојано ќе ве мотивира
Силните жени живеат живот кој има цел, тие ја следат својата визија. Доколку избрала со вас да дели таков живот, нејзината амбициозност ќе се рефлектира и на вас. Покрај себе имате поддршка, тимски играч, некој кој на вас гледа како на себе еднаков.

Ќе ви се посвети целосно
Независните жени се посветени. Тие очекуваат да бидете искрени и посветени на вашата врска, а истото тоа, дури и повеќе очекувајте го од нејзина страна. Таа со иста страст прави се. Знајте дека во никој друг нема да можете да имате доверба како што имате во неа.

Очекувајте нови искуства
Таа водела страстен живот, полн со возбудувања и пред запознавањето со вас. Голем број интереси и искуства се она што го карактеризира нејзиниот живот. Затоа очекувајте сето тоа да го подели и проживее и со вас.

Ќе се радувате на секој нов ден поминат со неа
Досадата ќе стане непостоечки збор во вашиот вокабулар, бидејќи со неа никогаш не е досадно. Таа е секогаш во движење, така што не се изненадувајте доколку ужива на кауч одеднаш да ви предложи викенд патување.

Очекувајте дека ќе живеете преубав живот
Навистина нема поубаво чувство од она кога знаете дека личноста, која е покрај вас ги дели истите желби и аспирации како вас. Среќата е нешто што ве чека на вашиот заеднички животен пат, бидејќи силните жени сакаат искрено, страстно и длабоко. Таа ќе го разбуди тоа што е најдобро во вас. А сепак ќе останете она што сте, оној маж во кој се вљубила.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *