Top
Bogat-chovek-iLike-mk

Нешта кои морате да ги научите од богатите и успешни луѓе

Неретко богатите луѓе споделуваат сопствени искуства и приказни за тоа како успеале во животот. Постојат најразлични теории чија суштина се темели на следниве 4 точки:

Дали чашата е полупразна или полуполна?
Ако во вашата чаша недостасува половина содржина, ќе мора да научите да размислувате поинаку! За да успеете, без разлика дали целта ви е да имате прекрасни деца или скапи автомобили во двор и вила со огромен базен, главен фактор не се ни капиталот, ни образованието. Она што навистина ви треба е да имате вистински поглед кон светот.

Најважно е да се има цел!
Успехот нема да се случи, мора да го заработите, исто како и парите. До успех водат многу скалила, а на патот ќе наидете и на некој излез од тие скалила т.е. пречка. За да го остварите тоа што сте го замислиле, мора да останете на вистинскиот пат. А, за да знаете кој пат е вистински, мора да ја знаете својата крајна цел. И имајте ја на ум кога донесувате одлуки за своите дневни активности, како и трудот и времето кои го вложувате.

Проблемите се извор на можности!
Каков ви беше денешниот ден? Ако тоа што наутро ви пукнала гума и сте задоцниле на работа, го гледате како проблем, тоа е во ред. Но, ако тоа го гледате само како проблем и не можете да најдете ништо во денот што ви изгледа како позитивна последица на тоа што ви се случило, тогаш губите енергија на неважни работи! На патот до успехот ќе наидете на пречки, а успешни се тие кои ги преиначуваат во можности. И на крај, добро ги искористуваат.

Упорноста секогаш се исплати!
На богатите и успешните луѓе работите не им се случуваат случајно! Никој не станува богат случајно, освен добитник на лото. Сакате сами да ја кроите својата судбина? Првиот чекор е преземање на одговорност. Што значи дека, ако нешто не ви успеало, не ги обвинувајте другите за тоа. Не се оправдувајте. Анализирајте што според ваше мислење требало да го направите поинаку, попишете ги своите грешки и научете од сопственото искуство. А, потоа почнете од почеток со ново знаење и позитивен став.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>