Top
taga

Барем да те држев поцврсто…

Тага, болка, чувство на пораз и резочарување се составен дел на прекин на било која сериозна врска или брак. Колумнистот Anthony D’Ambrosio одлучил своите емоции после разводот да ги сподели со своите читатели.

„Никогаш не сум можел ниту да претпоставам дека јас и ти, од сите луѓе на светот, би можеле да поминеме низ нешто така разурнувачко. Се сеќаваш ли на сите оние моменти кога викаше по мене, а јас буквално само зјапав во тебе? Кога ме прашување зошто го правам тоа, јас само се смеев и се лутев бидејќи го поставуваше тоа прашање со потсмев. Знаеш што? Те гледав бидејќи мислев дека си најубавата жена во светот. Не ни забележував што носиш на себе, ниту дали си нашминкана. Гледав во тебе и буквално се „губев“ во твојата насмевка.

Ги сакав и сите твои недостатоци за кои мислеше дека ги имаш. Кога се гледаше во огледало секогаш го вовлекуваше стомакот, секогаш ги анализираше нашите заеднички фотографии и ме тераше да ги избришам оние кои не ти се допаѓаат. Забележував сѐ што зборуваше на телефон и го сакав сето тоа.

Разочаран сум што нема да го напишеме нашиот среќен крај, но никогаш нема да бидам бесен. Никогаш нема да те мразам и никогаш повеќе нема да лажам за своите чувства. Бог ми ја даде оваа неверојатна можност да љубам, а таа ме доведе до многу убави места, ме научи многу лекции за животот и ми подари спомени кои ќе ги паметам засекогаш. Како би можел да бидам лут на тоа?

Да го знаев она што го знам сега, ќе те држев поцрвсто на нашиот прв танц и ќе изберев песна која нема крај.

Не сум совршен и никогаш не сакам луѓето да мислат дека сум. Правев многу грешки. Правев нешта со кои не се гордеам да ги признаам и носев одлуки кои посакувам да ги вратам назад. Те љубев со секоја коска од моето тело, со секое биење на моето срце и со секое парче на мојата душа. Не беше совршено, но сигурен сум дека те сакав и твојата среќа беше и моја среќа.

Тоа што те изгубив беше најболното искуство во мојот живот, но ме направи посилен од кога и да било, некако направи да се чувствувам дека постојам.

Во ова писмо, ја изгубив мојата сопруга, но во стварноста изгубив многу повеќе. Изгубив дел од мене кој никогаш нема да се врати назад. Добро грижи се за него!“




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>