Top
Zasteda

Како да заштедите пари?

За многумина штедењето е речиси невозможна мисија со оглед на нашиот стандард и на тоа дека некогаш си дозволуваме да потрошиме повеќе од тоа што можеме да си дозволиме.

Сепак има начини да заштедите, а притоа вашиот џеб тоа да не го почувствува:

° На крајот од денот, сите монети од паричникот ставете ги настрана, во касичка или тегла. За неколку месеци ќе соберете доволно пари за да си купите нов телефон.
° Не купувајте кафе и јадење додека сте на работа. Носете си од дома. Ќе се храните поздраво и ќе заштедите.
° Собирајте ги промотивните флаери од маркетите, наместо да ги фрлате. Со купување на производи кои ви требаат, а се намалени ќе успеете да заштедите неколку стотки во месецот.
° Следете ги сајтовите кои нудат ваучери за попуст.
° Облека и чевли купувајте на крај на сезона кога се намалени, а не на почеток на сезона кога се најскапи.
° Наместо да купувате нова облека, направете корекции на онаа која веќе ја имате. Широките кошули и фустани кои ви се здосадени можат да бидат новите здолништа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>