Top

Некаде далеку

Понекогаш си спремен да оставиш сè зад себе и да заминеш некаде далеку, на места кои нема ги навраќаат спомените, мислејќи дека така ќе заборавиш на одредени доживеани моменти.
Ослободувајќи се од толпата луѓе кои секојдневно ги среќаваш и ти предизвикуваат некаква напнатост, сакаш барем на некој ден да се оддалечиш од сево ова кое на некој начин те измачува, некаде кадешто никој не те познава и каде ќе можеш да се ослободиш бар за момент. И тогаш како гром од ведро небо се појавува нешто што ќе те предомисли во тоа, нешто кое до тогаш не ти паднало на памет и ти го менува животот за 360 степени. Нешто неочекувано. Доволен е еден момент, една мала случка за одново да почнеш да веруваш во себе, да почнеш одново да мечтаеш за иднината и да си создаваш ново видување за животот. Се заљубуваш. Сосема случајно, на поинакво место, во неочекуван момент и прилично добро време. И тогаш се исполнуваш себе си, го гледаш и не можеш да претпоставиш што е тоа што толку те привлекува кај него, дали е до таа слатка насмевка или тој продорен поглед кој моментално те стаписува, или пак начинот на кој се обидува да се извади од моменталната ситуација. И повеќе не те интересираат луѓето исполнети со презир и омраза, луѓето кои правеле да се осеќаш безвредно. За момент сè се менува. Животот е сплет од околности кои никогаш не можеш да ги претпоставиш. И тогаш кога најмалку очекуваш ти се случуваат најубавите работи за кои не си можел ни да замислиш, ги чувствуваш оние пеперутки во стомакот по секој негов поглед, допир, збор… Она познато треперење и засиленото биење на срцето додека во себе смислуваш што да му кажеш, а во моментот некако и не ти доаѓаат правите зборови до израз. Рацете почнуваат да ти се потат и позната ти е таа возбуда нели?! И сè што посакуваш е овој момент никогаш да не заврши.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Некаде далеку“: Марија Јовановска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *