Top

Слобода во потпетици

Понекогаш одиш сосема и целосно изморен, со куферите во рацете, празни и доста тешки од таа празнина. Понекогаш застануваш на средина на следната раскрсница и седнуваш врз нив, чекајќи патоказ, некаков знак. Некогаш чекаш засекогаш, некогаш стануваш и ја слушаш внатрешноста од празнината. Чудно, воедно и прилично многу интересно е како си контирираат празнината со исполнетоста на светот околу неа.

Понекогаш високите потпетици со гордоста низ нивниот од се истоштуваат, па, продолжуваш да одиш боса, да одиш, да играш, да трчаш. Понекогаш имаш доволно храброст да не ги соблечеш и речиси секој пат тоа е правилната одлука, но… секогаш има едно “но”.

Понекогаш очекуваш да добиеш сила да ја слушнеш добро познатата мелодија уште еднаш, да подзастанеш и да уживаш низ спомените, да извадиш една насмевка, понекоја солза. Да посакаш да избегаш, да трчаш и да бегаш со погледот наназад и со надежта под нозете, чекајќи нечија рака да те врати назад.

Речиси секогаш постои граница, каде што сè тоа завршува, во утро, низ денот, преку ноќ… но, завршува. Со сигурност.

Тогаш во таа ноќ чувствуваш слобода, можеш да се смееш, можеш да плачеш, и во целото тоа убавината да излегува на површина. Можеш да бидеш неизмерно среќна. Вечно насмеана. Можеш да играш, да се опуштиш и препуштиш на некој ритам, да се почувствуваш поинаку од секогаш, и да продолжиш да играш, да продолжиш да сонуваш, да бидеш среќна за младоста во твојата душа, да им контрираш на годините, да пркосиш на зрелоста… да бидеш помалку луда, помалку насмеана, помалку разиграна, помалку заљубена, да живееш во моментот.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Слобода во потпетици“: Симона Николоска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *