Top

Болна по тебе

Времето што помина ме научи дека ќе боли. Дека ти болиш, а јас сум болната. Знам, не требаше ама навикнав да живеам со таа болка. Лек против твојата љубов нема или можеби јас сум имуна. Симптомите беа очигледни. Ништо не ми одговараше. Само ја вдишував реалноста и издишував непријатен мирис. Талкав до раните утрински часови, со мислите покрај тебе. Несоницата ми беше верен пријател. Тапа болка во градите и грутка во грлото. Јас бев болна по тебе.
Ете тогаш се појави тој. Господин – доктор специјалист, баш за таквите кaко мене. Ми даде помош, а јас со неверување ја прифатив. Дури и болна паднав на шарм. Никогаш не му ја кажав мојата дијагноза, ни твоето име, ама знаеше. Конечно некој ме разбираше. Немаше потреба да се објаснувам. Тажно му се радував. Знаев колку му е тешко да излезе на крај со мене и тебе во мене. А, јас воопшто не му помагав. Не го барав ама ми беше неопходен. Даде сè од себе ама мене ми требаш ти.
Не требаше тој да е тој што ќе се радува на трошките љубов што му ги фрлам од досада, после секоја терапија. Го засакав. Покрај него заборавав на сè, но не и на тебе. Знаев дека никогаш нема да дозволам да ме излечи. Сепак го примав доза по доза. Беше убаво на моменти, а толку бесцелно на крајот од денот. Се однесував како разгалено девојче. Си играв криенка секој ден. Колку и да не сакаше, мораше да мижи. Имав потреба да се кријам. Заразна сум, а тој не се плашеше. Не знаеше тој како болиш ти, но со сигурност дозна како болам јас.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Болна по тебе“: Моника Димитриевска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *