Top

Насмевката на Lizz

Квечерина, на овој прекрасен остров на школките,а на една височинка, ресторан и во него јас,а спроти мене, ти. Црна вечерна тоалета, дискретна шминка и раскошна насмевка, беа доволни да те сметам вечерва за божица. Како лично Зевс да те назначил за муза на островов, со цел да ја доловиш моќта на семоќниот, со својата убавина.
Во една таква митолошка атмосфера, пиеме познато локално пиво “Litos”, погледите ни се сретнуваат низ раширените зеници и тивко разговараме. Кон амбиентот допринесе и ветерот кој ти помага да ја префрлиш косата позади и да ги истакнеш своите адути, прекрасните очи и насмевката.
-,,Lizz, просто не сум свесен како влезе во мојов живот. Ти едноставно ја подотвори вратата и срамежливо зачекори внатре, а јас се свестив веќе кога добро навлезе во внатрешноста. Одеднаш како нешто да ме продрма, како да се вклучи алармот, кој детектираше дека некој е влезен во домот и така збунет, додека се свестив што всушност се случува, веќе ми недостасуваше, веќе неможев без тебе, моиве клетки веќе не примаа кислород, тој сега се викаше Lizz. Да, да навлезе во сите мои пори,,
Приметив дека разговоров ти годи и понатака широко ја презентираше својата насмевка и ме остави да продолжам.
-,,Lizz, неможам да го симнам погледот од твоите очи, љубопитно ѕиркам низ нив, за да откријам бар малку што се случува во твоето срце и во твојте тајни одаи. Но знам, убавината на твоите очи ја откриваат чистата убавина на твојата душа,просто неможе под ваков дизајн на очи да се крие нешто што не е добро, напротив, благородните очи ја откриваат твојата благородна душа,,.
Вниманието ми го одзема прекрасниот прстен на десната рака на Lizz кој е совршен како што е и она совршена, веројатно поклон од некој кoj ги материјализирал своите чувства кон неа. Но, келнерот постојано носи ,,Litos,, откако приметува дека чашите ни се празни, па се враќам на почеток на мислата и продолжувам, инспириран и понатака од шармантната насмевка спроти мене.
,,Да, Lizz, сфатив дека ти си сублимат на мојот постојан копнеж кон нешто што никогаш не сум го дефинирал, но ете, ти си онаа есецијална суптанца што постојано ми недостасуваше во градењето на моето хемиско соединение наречено среќа. Знаеш, ништо не е случајно на овој свет, тоа што те стретнав, во моево животно патување не е случајно, веројатно сум те повикал во мојот
копнеж, па сега мојот ум и моето срце, конечно синхронизирани ми одговараат со:-,,дааа,фала богу,тоа е тоа,,.
-,,Lizz, би сакал добро да те запознаам, до сега бевме некако деловно поврзани, но би сакал да знам повеќе за тебе. Затоа сакам оваа вечер долго да трае, бидејќи добива елементи на магија. Сакам да знам што те радува, која ти е омилена музика, што читаш….
-Еј, Lizz, кажи нешто, знам дека имаш најубава насмевка, но….
-Lizz, Lizz!?
Тогаш, приметив дека мојот Slide Show е на Pause на една од сликите што Lizz ми ги испрати од нејзинот овогодишен одмор и едноставно не сум свесен како се пренесов во етерот преку фреквенцијата на фантазијата и тоа само со помош на магичната насмевка на Lizz. Колку малку му треба на човечкиот ум да отпатува до ,,изворот,,на целокупната креативност на универзумот,до единствената матрица од каде што се создава сè, каде постојат сите можни сценарија, а за што ни треба само соодветен ,,интерфејс,, за да се приклучиме.
Се враќам од ,,изворот,, и сега стојам распнат меѓу копнежот и честа, одмерувајќи ги аргументите кои се нижат и бараат пукнатина во овој совршен баланс, како би ми помогналe да го одберам, она вистинското. Знам, копнежот во себе носи доза на таинствена надеж, но и потполна слобода во талкањето кон непознатото, а честа е принцип, тој ограничува, создава бариери, бара откажување, но сепак е човечка доблест. Тоа е дуалноста на постоењето, единство на спротивности кое нè придвижува во сè. Стојам и понатаму како желад во кој бруи потенцилајот да стане даб, чекајќи поволна временска прогноза.
Сепак, се враќам на насмевката на Lizz и слушам тивок Jazz и тоа оној од раните осумдести години, мојот омилен.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Насмевката на Lizz“: Г.К.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *