ДЕН 20 – Ден ама како да траеше цела година. Тишината ми зуеше во ушите, очите ми беа уморни од гледање во истата точка која ме натера да го свртам погледот и да и погледнам на вистината во очи зашто немав друга опција. Неговата љубов беше како бонбона, вештачки засладена, а јас бев измамена од амбалажата…
Почнав да го менувам срцето за да го сменам животот. Она кое го сметав за најголем страв излезе дека ми е повратниот билет. Се исправив и почнав да затварам врата по врата…
Траги??! Некој бил овде пред мене! Ги следев и пак дојдов до ќорсокак. Чувствував како ми зоврива главата и пред да се свртам забележав нешто црвено меѓу гранчињата и трњата. Посегнав по него и видов – скршено срце. Уф, фала му на Бога. Тоа можеше да биде моето…
ДЕН 21 – И така во едно Јануарско утро јас тргнав да го барам излезот, немаше камен што не беше превртен; не гледајќи дека цело време бил пред мене, во мојата глава. Зашто кога ке станете свесни за својата болка таа полека исчезнува. И тоа морав да го осознаам на потешкиот, а можеби и единствениот начин зашто само така ќе си помогнам себе си. Мислите просветлени, а спомените спакувани во кутија за која Јас ќе одлучам дали и кога ќе ја отворам.
И имате право да погледнете назад кон своето минато, ама да не зјапате во него. Очите се ставени напред зашто поважно е да се гледа напред отколку назад. Грешките и неуспесите не се од желбите, туку од недостатокот на контрола врз нив. Ако го контролирате срцето, го контролирате животот. Сфатете дека светот е суров и расипан. Понекогаш е дозволено да паднете силно на земја, но да бидете уште толку храбри за да застанете повторно на нозе. Тоа е вистинскиот предизвик, нели?

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “ Лавиринт“: Милена Пенева
![]()
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!