Top

Како е можно?

Познато ви е она чувство кога ве прават будала при здрав памет? Никој не е толку глуп за да не сфати некои работи што се толку многу очигледни. Мостот помеѓу среќата и сè друго се руши, а ти остануваш на другата страна. Што е со луѓето, со таа река. Се слушаат нејзините зли насмевки, гласовите не те оставаат на мира. Таа експлозија што се случува во вас, тоа чувство на нервоза и омраза, сè во едно? Нервозата ти станува најредовна дестинација во таа минута, секоја секунда стигаш до одредено ниво, нова врата. Но, никако не можеш да го најдеш излезот. Неверојатно е како некој може да ти го смени денот во една секунда. Tи доаѓа да викаш најгласно што можеш, само за да се ослободиш од бесот. Но, не успеваш…

Чувството на отфрленост ја игра својата улога додека некој друг го гледа ТВОЈОТ филм, а сепак сценариото… го пишуваш ти.

Се прашуваш дали сериозно луѓето прават така за забава или само поради посакуваниот ефект.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Како е можно?“: Бобо Даневски

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *