Сакам никогаш повеќе да не те видам, а копнеам по твојот допир. Во себе ја повторувам листата на причини за да те мразам, а срцето сеуште чука кога ќе помислам на тебе. Дали го знаеш тоа? Дали некогаш се сомневаше во тоа? Дали се сомневаш? Сомнежот е тој што ќе ја уништи реалноста, бидејќи секогаш е присутен во моите мисли. И ме уништува, пополека ме уништува.
А можеби е и најдобро вака. Ти и јас. Никогаш НИЕ. Премногу добра приказна. Премногу фантазии, а премалку реалност. Еден куп мои вистини, еден тон твои лаги. Искрена љубов од моја страна, премногу рамнодушност од твоја. Сигурноста е наша слаба страна. Најјака пак нашите празни разговори, во кои јас ја барам безнадежно смислата.
Минатото е она што нè врзува и иднината e таа што ќе нè раздели. Секако, виновник е времето. Се прашувам што и преостанува на сегашноста?! Сегашноста е граница помеѓу спомените и непознатото. Она што ме очекува, непознатата иднина знам дека постои. А знам, дека ќе постојам јас, ќе постоиш и ти, мојата љубов и твојата гордост. И времето нема тоа да го смени…

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Љубов“: Ивана Пемпер
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!