Есенските свадби се живописни со низа светли и пријатни бои. Дури и да врне, дождот нема да успее да ја уништи пријатната атмосфера која ја чинат топлите есенски бои. Палетата на бои на есенската свадба ги содржи сите нијанси на жолта, портокалова, кафеава и бордо боја.
За невестинскиот букет ќе бидат погодни жолти и црвени далии, портокалови кали, орхидеи и рози во бордо и теракота боја. Исто така, можете да направите бидермаер од исушени цветови, јаболка, мали украсни тиквички и пченични класја.
За девериците можете да одберете фустани во портокалова, црвена или кафеава боја.
За декор на банкетот и за украсување на масите, ќе се вклопат есенски лисја и зрели пченични класја. Од нив можете да направите венци или да ги додадете во букети.
Исто така, убаво би било дополнување на декорот со зрело овошје, особено јаболка. Тоа може да се користи во цветни аранжмани, од него можете да направите венче за столици или да се користи во функција на картички за сместување.
Најсветол акцент во декорацијата на есенска свадба може да биде тиквата. Таа може да служи како необична вазна за букети. Друга идеја за користење на тиква: издлабете ги вашите иницијали на ѕидот од тиквата или првата буква од вашето презиме и ставете свеќа внатре – тоа ќе биде многу креативен светилник.
Свадбените покани исто така можат да го следат есенскиот стил на свадбата.
Свадбената торта може да биде украсена со цвеќе во есенска боја или со есенски лисја.
Теглички со мед, свеќи во форма на лисја или карамелизирани јаболка исто така можат да послужат како подарок за гостите.
Извор: Невеста.мк
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!