Top

Есен е…

Есенско утро. Капки на прозорците, последица на вчерашното невреме.
Шолја кафе, една цигара. Ништо ново на запад.
Исто е и овде.
Повторно детскиот џагор на улицата, истите расправии на двете сосетки.
Монотоност.
Не бев заинтересирана за надворешниот свет. Имав свој, се трудев да го изградам.
И ова утро сакав да имам насмевка на лицето. Сакав. Некако тешко ми оди.
Одамна играм криенка со среќата. Не знам каде е. Се загубивме.
Ги затворив очите, посакав да го оживеам сонот.
Посакав да ги извлечам сето она што го имам во мислите и да го довлечкам овде, во реалноста.
Знаеш, сакав барем еднаш да можев да направам да се почувствуваш среќен.
Барем еднаш да ти недостигам.
Да имаше една голема расправија преку еден обичен телефонски повик, а вечерта повторно да бев единствената што ќе ти недостига.
Сакав да можам да застанам пред тебе и да можам да ти кажам неколку збора.
Сакав да бидам среќна.
До кога би издржала вака?
Нова зима, старата не се враќа. Проклетство, тоа беше убаво време.
Гледаш, ни тоа не ти го кажав. Не ти кажав колку многу се радував на секоја случајна средба, секој разговор.
Не ти кажав ништо.
Замина… без да кажеш нешто.
Не се ни извинив. Не знам ни зошто да се извинам. Можеби онака, од некоја стара глупава навика.
Можеби навистина згрешив.
Не ми дозволи, сè пробував на многу начини да те вратам.
Некаде грешам.
Почнува да врне. Плачам.
Излегов надвор. Дождот и солзите од секогаш оделе заедно.
Се насмевнав без причина.
Изгледав среќна за обичниот странец кој со големи чекори одеше некаде.
Можеби таму каде што е среќен.
И јас бев среќна за сите други. Никој не можеше да ги забележи солзите покрај тој дожд и таа голема насмевка.
Делуваше толку реално.
Никој не ме запраша гледајќи ме в очи дали сум добро.
Дождот престанува. Морам внатре. Нека останам среќна во очите на другите.
Го пијам кафето, палам цигара.
Есен е.
Повторно не ти кажав ниту еден збор.
Те нема.
Немам никој.
Сеуште немам храброст да ти признаам.
Боли…


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Есен е…“: Николина Јанеска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *