Срцето ми се кине. Не чувствувам ништо освен тага, очај, болка… Не си го чувствувам сопственото тело. Толку ме боли. Сè ме боли… Како кога сонцето ќе ги изгори цвеќињата… Не! Боли повеќе… Кога некој ќе го изгуби својот сакан… Боли повеќе и од тоа… Да те сакам и да знам дека не можам да те видам, да те допрам, не можам да те прегрнам, боли повеќе од замислата дека некогаш ќе го напуштиш овој свет и ќе продолжиш на небото… Боли… Не можам да дишам, имам кнедла во грлото… Бидејќи те гледав како заминуваш, те гледав како ми замавнуваш со раката, испраќајќи ми бакнежи преку прозорецот на автобусот… Тоа беше последниот пат кога те видов тебе.. твоите очи, твојата насмевка… Замина, ме остави мене овде, во ова место полно со спомени, спомени од мене и тебе… Ме напушти кога лисјата се разделуваа од дрвата… И тие се тажни… Тие ми беа најдоброто друштво денес. Еден есенски лист падна на моето рамо, како да ми велеше „не плачи, немој да си тажна“… но не можам, не можам да не плачам… И небото е тажно, тоа ми е најдобриот пријател сега… Бидејќи само тоа може да ме разбере, никој друг не може да разбере како се чувствувам… Никој не може… Сите велат дека разбираат, но тие само не знаат што да ми кажат… Не разбираат, нема ни да разберат, никогаш нема да знаат какво е чувството кога ќе го пуштиш некого да си оди, кога ќе го чекаш да се врати, не можејќи да му се јавиш, само за да го слушниш неговиот глас, никогаш нема да ја разберат радоста која ја чувствувам кога ќе добијам порака од тебе, само неколку зборови, само една порака од три реда, или само сигнал…. Тоа е единственото нешто што ме прави среќна и тажна истовремено, ми носи и солзи и насмевка… солзи затоа што знам дека нема да те видам за скоро време, нема да те допрам или да те бакнам премногу долг период и насмевка затоа што знам дека мислиш на мене и ме сакаш како што јас те сакам….
Никогаш не сум се чувствувала вака.. среќна и тажна… Никогаш не сум почувствувала вакава болка… Болка што не си оди… Не можам да спијам… Не можам да зборувам, а сега одвај и дишам… Сè ме потсеќа на тебе… Оваа соба кадешто седевме, плишаното мече кое ми го подари… и потоа сè води до моментот кога се разделивме, кога ме остави… Автобуската станица, луѓето околу нас, јас, ти, моите солзи, твоите очи… сè ми се враќа назад… Сега е реално… Не беше реално до денес… но вечерва… О Господе… Не можам да не плачам… не можам да го чувам во себе… И секогаш кога ќе пуштам солза, се колнам дека можам да те слушнам како ми велиш „Те молам не плачи, те молам мило“ и потоа боли повеќе… многу повеќе… и со секоја пуштена солза боли повеќе, и повеќе и повеќе… И не можам да издржам, не можам… Ми требаш… Само ти ми требаш… И ништо друго… Ништо друго не е важно кога си ти тука… кога си со мене… само да седиш до мене е доволно… Не ми треба ништо повеќе на светот… Со тебе имам сè… А сега немам ништо… само неколку изгорени филтери од цигара, празна чаша од кафе, моите солзи и мојата болка… И само на моменти насмевка на моето лице кога добивам порака од тебе… Тие неколку секунди додека ја читам, се моментите за кои живеам сега… И ќе живеам за нив додека не се вратиш назад… И тогаш повторно ќе имам сè… Среќа… Радост… Насмевка… СЕ!!!

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Со тебе имам сè!“: Jaсна Гроздановска
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!