
ПОНЕДЕЛНИК
Можеби вашата прва комуникација била преку некоја социјална интернет мрежа, па сега и не сте сосема сигурни дали е паметно да се сретнете со личноста. Во овој случај пожелно би било да излезете некаде каде сте сигурни дека нема да сретнете некој што ве познава и немојте да се расфрлате со пари. Најпаметно е да седнете во некое кафуле на кафе или чај и да видите во кој правец ќе се развива вашата конверзација.
ВТОРНИК
Во низа неформални истражувања мажите откриле дека вторник е вистински ден за опуштен состанок кој на крај би резултирал со секс. Имајте во предвид дека до викендот преостануваат уште 4 дена – сосема доволно да развиете стратегија како ќе ја шармирате личноста и како ќе ја одведете во кревет. 4 дена се одлична бројка за да стивнат импресиите после првиот состанок.
СРЕДА
Генерално, состаноците во среда поминуваат солидно. Во среда веќе се чувствува замор од работните обврски. Ако не можете да ги протолкувате сигналите на личноста – не паничете, повеќе од сигурно е дека е заинтересирана за вас, само мудро ги сокрива емоциите. Веќе на наредниот состанок тие ќе испливаат на површина.
Со убав состанок во среда зачинет со малку флерт многу полесно ќе го дочекате викендот.

ЧЕТВРТОК
Викендот е многу блиску, а четврток е совршен ден за мала забава и предигра. Четврток е ден преполн со позитивни вибрации и енергија, па состаноците се многу лесни и успешни.
ПЕТОК
После напорната работна недела и акумулираниот замор, најчесто се договараат излегувања со блиските пријатели бидејќи сите се желни за добра забава и опуштање. Реализација на прв состанок во петок значи само едно: премногу ѝ се допаѓате на личноста и убедена е дека со вас ќе помине убави часови.
САБОТА
Состанок во текот на претпладневните часови значи дека личноста сака нешто повеќе од забава и секс. Додека пак, во ноќните часови состанокот би се протолкувал како понуда за секс (за една ноќ).
НЕДЕЛА
Ве викаат на кафе пред ручекот. Ако ви се јават одморени, ведри и полни со елан, веројатно имале премногу обврски во текот на работната неделата, па сега конечно одвоиле време да ве запознаат на раат и да ви се посветат.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!