Top

Тоше беше и ќе остане ЛЕГЕНДА!

Тоше… човекот кој нè подигна, човекот кој подигна кариера за која преостанува да се зборува. Велат: „Тој беше незамислив ангел со ангелски глас и поради тоа Господ го зема со себе”. Испеа премногу песни и одржа концерти како најпопуларна ѕвезда која го заслужи секој еден апалуз. Живееше за да оствари една цел, живееше за да создава и пред сè најмногу за да помага. Тој беше човекот во кој сите гледаа една голема ѕвезда, човекот кој нè натера да веруваме во невозможното и да се надеваме дури и тогаш кога надежта е онаа која што прва се губи. Тој беше ѕвезда која никогаш нема да згасне, ѕвезда која постигна таква светлина која сега претешко скоро никако неможе да згасне. Зошто е толку суров овој живот? Зошто ни го одзема она најдрагоцено нешто? Зошто нè натера да тагуваме и да плачеме за најголемата ѕвезда која некогаш постоеше за нас? Нели би било поубаво кога би плачеле од среќа на неговите песни и би зборувале за него во сегашно време, време со кое докажуваме дека тој е сеуште со нас. Но што направи Господ? Не натера да се собереме и со тешка рана во срцето и солзи во очите да палиме свеќи во чест на неговото име кое доживеа и треба да живее во голема слава.
Во срцето чувствувам како еден огромен дел се оделува и пропаѓа во тага и сето тоа поради најголемата загуба која го натера секој еден човек да ја испушти најболната солза која што допира длабоко во срцето. Секоја негова песна нè натера да веруваме во тоа што пишува, неговиот глас беше потикнувачки, неговиот глас беше хармонија за срцето. Секоја нота испеана од тој неповторлив глас влегуваше длабоко во нашето срце, секоја нота едноставно се врежуваше некаде длабоко во нас како дел од најнезаборавните моменти. Зошто денеска е тој ден? Зошто токму денес мораше да биде тој ден кога ќе почувстуваме толкава болка и загуба на еден голем човек? Зошто толку рано ни го одзема она сонце кое што сјаеше над сите нас и нè загреваше со љубовта и топлината која беше доволна за сите? Колку само беше болна таа церемонија, церемонија со која ја испраќавме нашата најмила личност која што толку многу ни значи. Сите надежи за нас и неговата кариера наеднаш пропаднаа како во длабока дупка, наеднаш за миг изгубивме личност која што најмногу знаеше да предизвика насмевка на нашето лице. Тој беше човекот кој што знаеше да поттикне многу нешта во нас и повторно да нè поврати да бидеме она што сме биле и повторно да почнеме да веруваме во судбината. Но неговата судбина заврши во тој проколнат миг кога неговото големо срце ангелски прелета во небеста и сето тоа премногу рано. Неговата приказна беше како најневеројатната бајка која некогаш поштоеше. Имаше глас кој што специфично звучеше, глас кој премногу лесно се влеваше во напите срца и лесно не тераше да се смееме и да се почувствуваме среќни. Сакаше да помага и тогаш кога ќе направеше некој хуманитарен концерт велеше: “Сега се чувствувам исполнето, сега чувствувам дека сето она што го имам го имаат и другите”. Правеше дела за кои многумина никогаш нема да можат да се одолжат, а тој, тој беше оној добриот кој никогаш не бараше ништо за возврат. Човекот со големо срце, човекот кој прерано замина од овој свет и напушти толку многу луѓе кои веруваа во него. Пееше песни кои исполнуваа многу моменти од нашите животи, песни кои не тераа да се смееме и плачеме, песни кои не тераа да запееме и заиграме. Ниеден глас немаше таква сила како тој ангелски звук што нè исполнуваше. Секој еден денеска плаче, секој поминува низ мештото за спомени и спонтатно ја искажува својата болка. Пееше за љубовта, среќата, тагата, сонот, реалноста, животот и на крај остави на нас да плачеме за смртта која премногу рано го престигна тој ангел. Името негово двои букви кои длабоко во нас шумолат, букви кои преболно звучат кога се изговорени во минато. Секој збор и секоја реченица за неговата приказна сега се зборува во минато, секој збор за неговото живеење го зазема местото во минатото и најмногу нè повредува нас, оние кои што останавме позади него да го издигнеме неговото име и да ги слушаме неговите песни како спомен кој никогаш нема да се заборави. Тоше беше и ќе остане ЛЕГЕНДАТА која полека и сигурно се врежа во нашите срца. Легенда која долго ќе се споменува и за која долго ќе се пишува и говори.


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Тоше беше и ќе остане ЛЕГЕНДА“: Лили Лазаровска

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *