Џебениот нотес секогаш му стоеше во десниот џеб. Сакаше секогаш да му е при рака. Запишуваше секакви мисли, размислувања и само редеше без престан и повторно го враќаше во џебот. Не погледнуваше во него по втор пат. Гледаше само напред. Не сакаше да ја предизвика судбината читајќи ги минатите мисли. А, немаше никаков доказ дека тоа нешто би му донело несреќа… Едноставно минатото го сметаше за минато, па истото го правеше и со мислите. Имаше веќе неколку исполнети нотесчиња. Ги ставаше на полицата за книги, во прашината на некогашно кажаните зборови.
Некогаш се прашуваше што се се крие во неговите мисли од минатото. Се плашеше да се соочи со сопствената потсвест и затоа бегаше. Но, залудно… Кога минатото сака да те следи, ќе си дојде директно на врата, без пардон ќе затропа и нема бегање. Така и се случи. Седеше задлабочен во своите мисли, лесно стутулен во кожната фотеља и со полу отворени очи назираше во телевизорот. Никого не очекуваше посебно, но некој посебно сакаше да го види токму него. Неговото минато!
Ѕвончето зазвони невообичаено долго. Се препна и срипа од фотелјата небаре се попарил. Ја отвори вратата. Стоеше неколку секунди неподвижно, а потоа го слушна нејзиниот глас и насмевка која се разлеа од средбата со неговиот поглед. „Не те очекував…“- промрморе студено… „Мислев дека нема да сакаш да ме видиш никогаш повеќе… Но, ете тука си, зошто?“.
Девојката само се насмевна и праша: „Смеам да влезам на кратко?“. Немаше бегање, пред него стоеше неговото минато, кое влезе во неговиот живот на голема врата. А, сега повторно се врати. Ја покани на топол чај и бисквити, нејзините омилени. Од некоја причина сеуште ги јадеше токму тие бисквити, иако секогаш негодуваше дека му биле премногу суви. Неговото минато седна токму на своето минато место, кај што седеше и порано.
Toj избезумено трчаше од едниот крај на собата до кујната и назад. Го постави чајот и двете големи шолји во форма на полутопка. Се смееја дека личеле на супа. Сеќавањата им се вратија пак, па насмевка им се прикраде на лицата. Неколку мигови стоеја неподвижни… а, потоа го извади нотесот од десниот џеб и почна да реди зборови како во делириум, несвесно. Не ни претчуствуваше дека неговото минато се врати токму по тие нотеси. Минатото се врати по неговите минати мисли. Отчука часот за соочување. Лично тој, неговиот нотес со минати мисли и неговото минато. „Знаеш, не сакав да се вратам… И да, не сакав да те видам… Ама ете посилно е од мене…“ – се правдаше… „Знаеш… секогаш ме интересираше што запишуваш, дали ги читаш сопствените мисли, дали размислуваш за нив?“. Го фати неподготвен…. само се стутули во фотелјата уште подлабоко, небаре сакајќи да се впие во неа. Отсечно „НЕ!“ – ја наруши тишината… „Не сакам да читам што сум запишал… минатото си е минато… а зборовиве… и тие се веќе минато, за наредната секунда… и самата знаеш…“. Ја остави чашата полутопол чај на масичката пред него. Се чуствуваше непријатно… исплашено… неспремно…
„Знам дека на минатото гледаш како на минтато… завршено…. свршено време… Ама ете, и јас сум твое минато, а сепак седиме овде со истиот чај и истите бисквити, за кои ти негодуваше дека се премногу суви… Искрено нешто не ми даваше мир… не можев да се помирам само туку така дека е крај… Не ми наликуваше крајот на тебе… Несвојствени постапки и дела…“ – збореше без престан. Немаше срце да ја прекине. Знаеше дека за сè добро размислила, и дека се вратила со причина…. Повторно доби неопислива желба да посегне по својот џебен нотес и да се влие во пишување. Двоумењето траеше кратко. Не издржа, својата десна рака ја упати кон десниот џеб, а пенкалото беше спремно да изваја цела приказна. Почуствува силен стисок. Го крена погледот и ги виде нејзините очи толку близу.
„Стој! Доста беше пишување! Ајде да зборуваме… Не сакам веќе пишани зборови и фрелени џебни нотеси на старата полица…“- беше одлучна. „Разговарај со мене. Искажи се како се чуствуваш. Не криј од мене. Сакам заедно да дојдеме до причината. Само така ќе се смирам и помирам со секоја твоја одлука.“ „Се плашам од соочување Мина! Проклето се плашам од своите мисли, од своите постапки. Ајде да го оставиме минатото во минатото. Ние сме минато Мина. Не можам колку и да сакам, не можам да ги отворам тие нотеси!!! Колку пати само помислував, посегнував по нив. За да можам да сфатам. Но, само кнедла во грлото ме стегаше.“ На нејзиното лице се стркала солза… Со раката тргна да ја избрише. Беше свесен дека уште еднаш, по којзнае кој пат ја повреди со својот коментар… „Извини Мина, знам дека претерав. Затоа пишувам. Не сакав, прости ми…“. Ја наведна главата и одлучи во дел од секундата… „Земи ги џебните нотеси… во тие двата со златно на корицата е сместена нашата приказна… Ах Мина… Тешко ми е! Ме стега нешто во градите…. Но, земи ги и седни до мене… Сам никогаш нема да можам да се соочам со моето минато…. Ќе те замолам Mина, биди со мене, биди до мене, да го исчекорам овој пат на соочување со себе, со тебе, со сè од што досега бегав… Моето минато и моите минати мисли во џебните нотеси…“.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Минатите џебни нотеси…“: Бежовска Сања
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!