Ветерот настанал заедно со настанувањето на светот, тој претставувал препрека за луѓето кои што живееле пред нас, ќе биде препрека за луѓето од иднината, а ние луѓето кои што живееме во сегашноста не сме никаков исклучок. Што и да правиме, како и да се свртиме за насоката во која дува ветерот да биде истата насока по која ние се движиме, како и да се обидуваме, ветерот да го очисти патот пред нас, колку и да се трудиме нема да успееме во тоа. Дури и ако решиме да се вратиме назад изнемоштени и со медалот за пораз во раце мислејќи дека патот назад ќе ни биде многу лесен сме се излажале, тогаш ветeрот експресно ќе ја промени својата насока, и погодете што? Пак ќе дува дирекно во нашето лице, навевајќи ја неговата прашина дирекно во нашите очи ќе не натера да застанеме и да се запрашаме “Што всушност ние сакаме?“.
Ветерот секогаш ќе биде наспроти нас. Ние го живееме нашиот живот чекорејќи по трнливите патеки низ ветерот. За некои ветерот изгледа како непријател кој што ја употребува целата моќ за да ги спречи да нè стигнат до нивната долгоочекувана цел, но според мене ветерот е единствениот на кој треба да му се заблагодариме за нашите успеси. Навистина, без неговите препреки ние многу лесно ќе го постигнеме успех, но тој може да си замине со истата брзина со која и дошол доколку не сме подготвени на тоа што не чека на тронот. Сè она што го поминуваме справувајќи се со ветерот нè учи како да се одбраниме од нашите непријатели кои на секој начин ќе сакаат да нè турнат и однесат што подалеку од тронот.
Колку повеќе препреки поминуваме патот е почист, ветерот е подобар кон нас, а ние, ние сме многу похрабри. Но, иако станува подобар, па и на моменти ни се чини дека веќе и го нема, тој сеуште е тука. Ветерот никогаш нема да исчезне. Додека постои светов ќе постои и тој. Тој е нашиот најдобар пријател. Ние секогаш ќе чекориме низ ветерот.

Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на “Ветер на животот“: ТИА
![]()
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!