Top
brat i sestra

Бато, ти благодарам!

Секое девојче кое има брат, има можност многу да научи од него за машкиот пол. Браќата се многу важен дел од животот на една сестра, а таа треба да биде благодарна за многу нешта.

  • Ти благодарам за сите „брат со сестра“ разговори!
  • Ти благодарам што беше искрен со мене и ми ги „отвори“ очите кога бев во врска со погрешно момче!
  • Ти благодарам што ми беше поддршка кога она момче го скрши моето срце!
  • Ти благодарам што ме криеше кога бев во неволја!
  • Ти благодарам што ми дозволи да се дружам со твоите пријатели кога имав потреба од друштво!
  • Ти благодарам затоа што бараше од мене мислење за твојот љубовен живот!
  • Ти благодарам што ми кажуваш дека сум убава, дури и покрај тоа што си ме видел и во најлошото светло!
  • Ти благодарам затоа што ме научи за автомобили, видео игри и забава!
  • Ти благодарам што ме научи како да бидам силна!
  • Ти благодарам што успеваше со насмевка да ме извлечеш од секоја лоша ситуација!
  • Ти благодарам што ги правеше сите оние „женски“ нешта со мене кога бевме мали!
  • Ти благодарам што ме заштитуваше од страшни бубачки и чудовишта!
  • Ти благодарам што беше одличен телохранител во сите страшни ситуации со бившите!
  • Ти благодарам што на време ме спречуваше да правам нешта за кои подоцна ќе се каам!
  • Ти благодарам што секогаш си добар човек!
  • Ти благодарам што ме научи како да се однесувам кон маж!
  • Ти благодарам што не ми дозволуваш да се откажам во мојата потрага по вистинскиот!

Најмногу од сѐ, ти благодарам што постоиш! Ти си ми ветување од Бога дека секогаш ќе имам вистински пријател до себе!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>