Top
vo-krevet-so-smartphone

Знаци кои покажуваат дека сексуалниот живот ви е во криза

Многу парови мислат дека сексот е нешто што доаѓа сосем природно и дека околу него не треба воопшто да се трудат и да да работат секојдневно за да биде подобар. Но, за жал, сексуалниот живот и тоа како може да пати ако се запостави.

Занимација пред компјутер
Ако „романтичната“ вечера ја поминувате пред компјутер или со телефонот во рака, тоа е знак дека треба да превземете нешто кога е во прашање вашиот сексуален живот. За промена излезете од дома, одете на вечера, прошетајте. Посветете си внимание на малку поинаков начин, а тоа би требало да и разбуди страстите. Не ги понесувајте ниту мобилните телефони со вас.

Поретко водите љубов
Не постои вистински број кога станува збор за тоа колку пати неделно треба да имате секс. Но, ако тој се случува сè поретко, тогаш имате проблем. Практикувајте го колку е можно почесто и не го прескокнувате со изговор дека сте уморни или дека немате време.

Никако до оргазам
Ако многу тешко или никако не постигнувате оргазам, не сте единствени. Многу парови го имаат тој проблем, а и го избегнуваат сексот токму поради тоа. Истражувањата покажуваат дека 30% од жените глумат оргазам како не би го вознемириле својот партнер, а тоа им преминува во навика. Разговарајте со својот партнер за вашите желби, пробајте нови пози, мастурбирајте.

Сексот станува здодевен
Понекогаш сексот може да стане предвидлив, односно нема никаква фантазија и станува само рутина. Сексот треба да биде забавен, а спротивното се случува ако не зборувате со својот партнер за вашите желби. Истражувањата покажуваат дека 58% од луѓето разговараат со партнерите за своите желби во креветот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *